ФОТО | Цветен поздрав од село Рогачево: Калина на своите убавици им посветува и по четири часа во денот!
Ј.К.Д.
Пред
Фото: Приватна архива
Денес сме во преубавиот двор на госпоѓа Калина Димитриеска, која веќе осум години е невработена. Оваа убавина се наоѓа во село Рогачево, во општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на Тетово. Дворот распослан на десетина квадрати го красат повеќе од 50 раскошни саксии.
Нашата цвета дама – Калина, фотографија – приватна архива
Со одгледување на цвеќиња и растенија Калина се занимава долго време, а љубовта кон градинарството ја наследила од мајка ѝ, 78-годишната Даница Јанческа.
– За уредувањето на дворот сме одговорни јас и мојот сопруг, ама повеќе јас сум околу моите убавици, со насмевка ни одговара оваа цветна дама.
Инаку, за волја на вистината, во дворот доминираат цвеќињата кавалер и дама кои ѝ се фаворити на Калина бидејќи токму таа сорта цвеќиња ѝ биле првите цвеќиња, и тоа подарени од нејзиниот денес покоен татко.
Се разбира, за сè да биде толку прекрасно, потребно е многу вложена љубов и време.
Калина во текот на денот на своите убавици им посветува дури по три или четири часа. А во текот на студените денови, убавиците си имаат свој посебен простор наменет само за нив.
Ја замоливме нашата соговорничка да ни даде еден градинарски совет за нашите читатели кои можеби би сакале да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе.
– Мојот совет за идните градинари е краток и јасен: ако не сакате цвеќе воопшто немојте да се трудите и да почнувате, зашто цвеќињата сакаат многу љубов како и сите ние! А, доколку навистина сте подготвени да вложите љубов во цвеќињата, а сте почетници во градинарството, ви препорачувам да почнете со цвеќе…
Ефикасна борба против организираниот криминал значи силно, со чекан, да го удриме октоподот по главата зашто, во спротивно, доколку повремено му ги сечеме само краците, тој и натаму ќе се шири. Вака пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз ја објасни својата иницијатива за донесување закон за формирање агенција за борба против тешките облици на организиран …
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера докажа зошто многумина го сметаат за најдобар на сите времиња. Тој со убедливи 3-0 успеа да го совлада Гркот Стефанос Циципас и со што дојде до 10-тата титула во Австралија опен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Ѓоковиќ и Циципас приредија одличен натпревар кој иако заврши со убедлив резултат …