ФОТО | Четврти брак на актерката: Саманта од „Сексот и градот“ се омажи за 14 години помлад инженер
Ким Катрал рече да! Познатата актерка се омажи за Расел Томас вчера во Лондон. Неколку дена пред свадбата, тие се појавија на доделувањето на Британските модни награди во Лондон.
Препорачано
Ѕвездата од „Сексот и градот“, Ким Катрал (69) и тонскиот инженер Расел Томас (55) се венчаа во старото градско собрание пред околу 12 гости.
Дискретна свадба, децентна прослава насочена на семејството, пријателите и трајното партнерство што го изградиле, ја одразува нивната склоност кон интимноста.
View this post on Instagram
Ким Катрал носела елегантен комплет од „Диор“, стилиризан во соработка со нејзината пријателка Патриша Филд, ракавици од Корнели Џејмс и шешир кроен по мерка од Филип Трејси. Младоженецот бил во костум од Ричард Џејмс.
Патриша Филд беше костимографка на серијата „Сексот и градот“ (Sex and the city). Кога Ким накратко се врати во продолжението на серијата, „И токму така“ (And just like that) , еден од нејзините услови беше и дека за сцената во која се појавува, повторно да биде ангажирана познатата Британка, која не соработуваше на тоа телевизиско остварување.
Ким Катрал и Расел Томас се запознале во 2016 година на Би-би-си кога таа се појави во епизода од емисијата „Женски час“, а нивната врска брзо се развивала.
Се заследиле еден со друг на социјалната мрежа Икс, а таа за тоа во интервјуто за „Гламур“ во 2018 година го рекла следното: „Ми испрати директна порака. Беше многу, многу модерно и беше многу едноставно.“
Тие останале во контакт, а потоа тој ја посетил во Ванкувер.
„Беше многу храбро од негова страна бидејќи всушност не се познававме освен што јадевме заедно неколкупати. Но, тој дојде и се сложувавме одлично“, изјавила таа за „Пипл“ во 2020 година, додавајќи: „И оттогаш сме заедно!“.
За својот партнер, таа рече: „Се чувствувам многу удобно во негово друштво. Тој е вистински шегаџија и има одлично чувство за хумор. И е пријатен за око!“.
Тие главно ја држеа врската подалеку од јавноста. И ја градеа врз меѓусебно почитување, заеднички интереси и посветеност на приватноста. Во јуни, таа за „Тајмс“ изјави дека „се забавуваат одлично“.
„Тој имал неверојатно интересен живот и навистина сè правел по свои услови. Тој е малку бунтовник, што го обожавам“.
По повод венчавката им пристигнуваат многу честитки.
Ова е четврти брак на Ким Картал. Актерката беше во брак две години со Лари Дејвисон, од 1977 до 1979 година, и со Андре Џ. Лисон од 1982 до 1989 година, пред да се омажи за Марк Левисон во 1998 година, од кого се разведе во 2004 година.
Ким Катрал искрено за Саманта од „Сексот и градот“: „Не беше нимфоманка, туку само знаеше што сака“


