ФОТО | Цел Истанбул гледал во Адријана Лима: Цела во црно, со црвен кармин на устата ги воодушевила Турците
Славната бразилска манекенка Адријана Лима се појави завчера на промоцијата на турскиот бренд „Дуру“ во Истанбул. Овој козметички бренд постои од 1967 година и промовира природни производи за нега што се вклопуваат во нејзините ритуали за разубавување.
Препорачано
Снимките со Адријана Лима се шират на социјалните мрежи. Бразилската увбавица се појавила во мошне едноставно, но ефектно црно модно издание, со залижана коса и огнено црвен кармин кој особено дошол до израз со оваа гардероба.
Адријана обожава да ја носи косата залижана, а црвениот кармин е меѓу нејзините омилени. Турците ја пречекале со воодушевување, па во коментарите на Инстаграм ја нарекуваат „кралица“.
View this post on Instagram
Она што особено им се допаднало на присутните, како и на нејзините обожаватели на Инстаграм, била непосредноста и опуштеноста на Адријана Лима, која е светска ѕвезда со децении и е апсолутно имуна на вообразеност.
Манекенката на промоцијата и танцувала, а бидејќи настанот се совпаднал со еден роденден, атмосферата станала уште посвечена.
Адријана Лима воедно ја најавила и кампањата за козметичкиот бренд „Дура“, која ќе биде претставена наскоро, со неа во главната улога. Познатиот бренд направил одличен маркетиншки потег, а на самиот настан присутните барале да се фотографиираат со бразилската убавица.


