Сенко Велинов, Ѓорѓи Јолевски и Драган Спасов – Дац / Фото: Принтскрин / Фејсбук

ФОТО | „Бушава азбука“ повторно заедно: Ретка слика од Дац, Јолевски и Велинов

Прославата на големиот јубилеј – 80 години од основањето на Драмски театар Скопје – беше повод на едно место да се соберат најголемите имиња на македонската сцена.

Меѓу највпечатливите моменти на вечерта беше средбата на актерското трио кое ја одбележа македонската театарска и филмска историја: Сенко Велинов, Драган Спасов – Дац и Ѓорѓи Јолевски.

Дац на сцијалните мрежи сподели слика од тројцата со краткок, но моќен опис „Како некогаш…“

Оваа слика не е само обичен портрет од настан, туку приказ на едно долгогодишно пријателство и заеднички поминати часови на проби и премиери.

Сенко Велинов и Ѓорѓи Јолевски, како актери со неверојатна трансформација и специфична енергија, заедно со Дац, кој е еден од милениците на публиката, се симбол на златните денови на Драмски, но и на македонскиот театар воопшто.

Нивното присуство на 80-годишнината на театарот кој ги вивнал во актерските висини е потсетник на тежината и квалитетот што оваа институција ги негува низ децениите.

Придружени со звуците на „Mi plešemo“, актерите во фоајето на Драмски театар покажаа дека времето не им може ништо на вистинските уметници. Нивната насмевка и заеднички кадар се најдобрата честитка за јубилејот на куќата која за многумина од нивната генерација беше и остана втор дом.

Интересно е што сите тројца играа во култната „Бушава азбука“ на што потсети еден коментар.

„Прекрасни сте, респект, врвни професионалци, најдобри, вонсериски глумци“, се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот