ФОТО | Бритни Спирс е повторно среќна: Нејзините фанови продолжуваат да се борат за да ја ослободат од старателството

Instagram
Instagram

Американската пејачка Бритни Спирс (39) неодамна откри дека се чувствува одлично благодарение на фактот дека во последно време се храни поздраво.

Имено, поп – ѕвездата неодамна објави видео на својот инстаграм – профил на кое танцува во дневната соба и зрачи со позитивна енергија. Таа спомена дека станува збор за снимка од пред неколку месеци и дека со намалување на дел од оброците, таа значително ослабела во последните 6 месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Се прашував зошто моето тело на ова видео изгледа толку различно во споредба со денес. Не, не држев диета со сладолед, хаха. Ги намалив редовните порции храна, што е многу тешко. Она што е позитивно е што денес се чувствувам многу подобро“, рече Бритни, а фановите се прашуваат дали последна реченица има и некаква поврзаност со документарецот за нејзиниот живот, кој неодамна беше прикажан, наречен „Framing Britney Spears“.

Видеото во кое Бритни танцува е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати, додека на споменатата социјална мрежа ја следат 28,3 милиони следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Потоа пејачката објави фотографија со своето момче Сем Ашгари, со кого неодамна отпатува за Мауи. Фановите се израдуваа кога видоа дека Бритни е среќна и сакаат таа набрзо да се ослободи од старателството што нејзиниот татко го има над неа од 2008 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Нејзиниот татко управува со целиот нејзин имот и ги донесува сите приватни и деловни одлуки во нејзино име поради нејзината кратка психијатриска хоспитализација пред 13 години.

Пред неколку години, движењето #FreeBritney започна да се шири на социјалните мрежи, зад кои стојат нејзините обожаватели и кои се борат Бритни да се „ослободи“ од нејзиниот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот