ФОТО | Брада, долга коса и раскошен фустан „кренаа прашина“ на доделувањето на Златните глобуси
На црвениот тепих за доделувањето на наградите Златен глобус се појави и Џонатан Ван Нес, експертот за дотерување во хит реалното ТВ шоу на Нетфликс. Како и секогаш, тој ги сврте погледите на сите присутни со неговиот смел моден избор, зелен сатенски фустан.
Препорачано

Во Лос Анџелес се одржа 82-тото доделување на Златните глобуси, а покрај беспрекорно облечените жени и филмски ѕвезди, прошета и особено добро облечен маж. Имено, Џонатан Ван Нес облече фустан, кој привлече многу погледи.

Сатенскиот темнозелен фустан со голи раменици имаше асиметричен крој и ракав кој паѓаше преку едната рака. Фустанот паѓа до подот и се шири во долниот дел, каде што исто така е асиметричен.
Ван Нес се идентификува како небинарно лице и често носи фустани на црвениот тепих, а претходно одговори на бројните негативни коментари за себе нарекувајќи ги „трансфобични“.
Ван Нес досега немаше номинации за наградата Златен глобус, но доби номинации за неколку награди Еми, при што Еми награда освои во 2023 година за извонредната програма „Queer Eye“.


