Принц Вилијам и Кејт Мидлтон/Instagram
Принц Вилијам и Кејт Мидлтон/Instagram

ФОТО | Божиќната честитка на Кејт и Вилијам крие неверојатни значења!

Кога станува збор за божиќните честитки, фотографијата која ја објавија членовите на кралското семејство, секоја година се споделува со јавноста и е прецизно „осмислена“.
Деталите на фотографијата, сите гестови, сцената… Ништо не е оставено на случајноста.

Оваа година Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се фокусираа на неколку нешта што треба да испратат „порака“ до јавноста. Заедно со децата, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, вложија голем труд во презентирањето на божиќната честитка. Професионалците и луѓето кои ги знаат кралските обичаи веднаш се „фрлија“ на толкување и откривање на тајните што ги крие фотографијата.

Нежни допири во јавност

Иако Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се придржуваат до одлуките на кралицата да го сведат на минимум разменувањето на нежности во јавност, тие сепак на фотографијата делуваат „поопуштено“. На семејната фотографија, Вилијам нежно ја ставил раката на коленото на Кејт, а таа го сторила истото, ставајќи ја раката на неговото колено. Можеби изгледа како ситница, но јавното покажување емоции на идниот крал и кралица не е нешто што е вообичаено.

Колената на идниот крал

Друга работа на која Британците не се навикнати се откриените колена на идниот крал. Имено, вистинска реткост е принцот Вилијам да се појави во јавноста во шорцеви, бидејќи поголемиот дел од времето го поминува во одела составени од долги панталони. Ова е и прва година кога Вилијам носи шорцеви за божиќна фотографија, а всушност открива дека фотографијата е направена на семеен одмор, во кој тој целосно уживал.

Усогласување на боите

И додека шестгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис се во сини тонови, таа во кариран фустан, а тој во кошула со пруги, Вилијам и Кејт заедно со осумгодишниот принц Џорџ избрале маслинести нијанси. Инаку, маслинестата е бојата што ја носеа и на претходните божиќни
фотографии од едноставна причина – оваа земјена боја симболизира мир и хармонија за време на празниците.

Посебна врска помеѓу Шарлот и Луис

И додека остатокот од семејството има облека во маслинести тонови, Шарлот е елегантна во син кариран фустан со потпис на „Mango“, Луис во пругаста кошула на Рејчел Рајли. А не се разликуваат ниту по чевлите, бидејќи и двајцата имаат исти сини „Trotter“ патики. Ова не е изненадувачки, бидејќи од раѓањето на Луис, тој и Шарлот биле особено поврзани и блиски.

Многумина сè уште јасно се сеќаваат на фотографијата која Вилијам и Кејт ја објавија по повод третиот роденден на Шарлот, на која се гледа принцезата која заштитнички стои над нејзиниот помал брат. Блискоста е видлива и во официјалниот портрет од крштевката на Луис во 2018 година, кога сите гледаат во камерата и се смеат, додека гордата постара сестра е фокусирана на него и нежно го држи за рака.

А сега Шарлот е пример за малиот Луис кој во сè ја копира својата сестра. Така, принцот Вилијам неодамна откри како семејството ужива да слуша музика наутро, а децата танцуваат низ куќата.

„Шарлот најмногу ужива во тоа. Таа трча низ кујната , тотално лудува, а Луис оди по нејзините стапки и се обидува да направи сè што може“, призна Вилијам.

Посебно место

Иако повеќето од нивните божиќни фотографии се направени во нивната куќа на село „Anmer Hall“, оваа е направена за време на приватно семејно патување во Јордан. Таа земја има посебно значење за Кејт Мидлтон, бидејќи како дете живеела таму две години, додека нејзиниот татко работел за „British Airways“. Очигледно, таа сакала да го пренесе својот ентузијазам за оваа земја на своите деца и да ги оживее спомените со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот