ФОТО | Битола доби вицешампиони во ката тим и кумите, и пласман на Балканското првенство во Турција
Државното првенство за деца за У12 и У14 во кати и кумите се одржа на 19 април во спортската сала Шабан Трстена во Чаир – Скопје каде учествуваа 426 натпреварувачи од 57 клубови од Македонија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Карате клубот Заншин До – Битола настапи во девет категории и се закити со два сребрени медали и пласман за Балканското првенство кое ќе се одржи од 29 до 31 мај 2026 година во Истанбул, Турција.
Со сребрен медал се закитија Николај Петковски во кумите -45 кг. машки 2016 год., и Јована Јовановиќ, Бојана Бошкова и Стела Ризова во ката тим женски 2016-2015 год.
Николај Петковски (2016 год.) и Бојана Бошкова (2015 год.) ќе го претставуваат клубот во Истанбул. За прв пат после повеќе од 15 години ќе настапат натпреварувачи од Битола на Балканско првенство за деца.
Стевка Јанковска Петковска како селектор ќе го предводи тимот на македонската карате репрезентација во кати во У12 и У14, а дел од тој тим ќе бидат и каратистите од К.К. „ЗАНШИН ДО „-Битола.



Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


