ФОТО | Беше најубавата жена на светот, а сега е непрепознатлива! Велат дека претерала со естетските зафати

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Беше најубавата жена на светот, а сега 69-годишната Ким Бесинџер ја шокираше јавноста со новото лице.


Една од најпознатите холивудски актерки Ким Бесинџер, своевремено беше синоним за сексапил и убавина, а ја красеше и раскошен актерски талент и несекојдневна харизма. Бондовата девојка ги освои срцата на гледачите ширум светот, но и на бројни познати мажи, меѓу кои и Ричард Гир, Принц, Алек Болдвин и продуцентот Џон Питерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


Ким веќе со години ги избегнува рефлекторите и јавните настапи, па не е ни чудо што папараците не се штеделе во вторникот навечер, кога ја „фатиле“ во Холивуд, во моментот кога пристигнала на прославата на својата ќерка Ајрленд Болдвин.

Ким на забавата дошла со долгогодишниот партнер Мич Стоун, а се одлучила за интересно модно издание, сив костум со машки крој, свилена црна кошула и црни кожени чевли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Сепак, она што им падна во очи на корисниците на социјалните мрежи е фактот дека познатата актерка има очигледни траги од пластични операции.


Не е тајна дека 69-годишната актерка се подложила на низа естетски операции за да ја задржи својата убавина, но за жал, ја загубила и способноста за експресии на лицето, а носот, јаболчниците и усните едноставно изгледаат поинаку од порано.

ВИДЕО | Ким Бесинџер откри зошто долго се криела: Моето ментално здравје потклекна, од страв не излегував од домот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот