Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова / Фото: Фејсбук/Сузана Турунџиева

ФОТО | Атиџе Муратова по долго време се појави во јавноста, Турунџиева сподели посебна приказна за неа

Сузана Турунџиева по подолго време сподели посебна приказна за Атиџе Муратова, хероината од документарниот филм „Медена земја“ .

Познатата пејачка, водителка и основач на женскиот хор „Фрида“ е долгогодишна пријателка со Атиџе, и токму Сузана е една од заслужните за изградбата на новата куќа на Муратова во селото Дорфулија.

„Денеска имав прекрасен почеток на денот, ме разбуди рано Атиџе со невидена радост и восхит во гласот да ми каже дека надвор врне снег и ме потсети на тоа колку малку е потребно за да се почувстваме среќно, убаво, радосно“, напиша Сузана на Фесјбук.


Познатата водителка и пејачка остро реагираше за злоупотребата на името на Атиџе Муратова, познатата пчеларка од Овчеполието.

„Поради се поприсутна злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, (МЕДЕНА ПЛАНИНА) ‘МЕДОТ НА АТИЏЕ’ повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет“, изјави таа.

Разговор со Сузана Турунџиева: Ја победив лошата дијагноза и сега живеам нов живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот