Арсенал/Arsenal FC

ФОТО | Aрсенал последните два натпревари од сезоната ќе ги игра со нов дрес

Арсенал денеска го претстави новиот домашен дрес за следната сезона, кој ќе биде користен и во последните два натпревари од актуелната во која клубот е во трка за шампионската титула.

Дресот и овојпат е изработен во соработка со „Адидас“ и ја задржува препознатливата традиционална црвена боја на лондонскиот клуб, но е збогатен со нови дизајнерски детали.

Фудбалерите на Микел Артета премиерно ќе настапат во новиот комплет на последниот домашен натпревар оваа сезона, кога во понеделник ќе го пречекаат Барнли.

Овој дуел може да биде и потенцијално шампионски за Арсенал, доколку претходно Манчестер сити не успее да слави против Борнмут. Натпреварот е закажан за понеделник со почеток во 21:00 часот.

Eze/Аrsenal FC

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот