ФОТО | Ања Тејлор-Џој се појави со сопругот на гламурозна вечера, дел од фановите загрижени за нејзиното здравје
Ретко може да се видат заедно во јавност, а уште поретко разменуваат нежности пред камерите. Холивудската актерка Ања Тејлор-Џој и нејзиниот сопруг, музичарот Малколм Мекреј, се појавија на предоскаровска вечера во Беверли Хилс и привлекоа големо внимание.
Препорачано
Ѕвездата од филмот „Клисурата“ (The Gorge) присуствуваше на настанот организиран од модната куќа „Диор“ и списанието „Даблју магазин“, кој се одржа во познатиот ресторан „Мистер Чоу“ во Беверли Хилс, Калифорнија.

За оваа пригода Тејлор-Џој избра впечатлив бел плетен макси-фустан со бохо естетика и комбинација од различни текстури. Фустанот имаше длабоко деколте и тенки ремени кои се врзуваа во долги ленти што паѓаа по страните, додека долниот дел беше украсен со чипкан раб што допираше до подот.
Актерката го надополни изгледот со црно сако и бели сандали со ремчиња. Изгледот го заокружи со минималистички накит – мали сребрени обетки од „Тифани енд ко“. Косата ја носеше собрана во елегантна пунџа.

До неа беше и нејзиниот сопруг Мекреј, кој се појави во класичен црн костум со пругаста кошула и темна вратоврска. Додека позираа пред фотографите, музичарот нежно ја прегрна актерката – редок момент на јавна нежност од парот кој ретко го покажува својот приватен живот.
Сепак, на социјалните мрежи дел од нејзините обожаватели забележаа дека актерката изгледа прилично слабо, па некои изразија загриженост за нејзиното здравје. И покрај тоа, многумина ја пофалија нејзината елеганција и впечатлив стил.

Тејлор-Џој и Мекреј се заедно од почетокот на 2021 година. Следната пролет тајно се венчаа во Њу Орлеанс, а актерката подоцна ја откри веста на Инстаграм.
„Пред две години, на 1 април, тајно се омажив за мојот најдобар пријател во Њу Орлеанс. Магијата од тој ден засекогаш остана во секоја клетка од моето тело“, напиша таа тогаш, честитајќи им годишнина на нивната љубов.


