ФОТО | Анџелина Џоли драстично го промени изгледот: Холивудската ѕвезда сега е русокоса

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Анџелина Џоли во последните месеци чекор по чекор го менуваше имиџот, а потоа дојде и конечниот резултат. Познатата актерка вчера во Њујорк се појави во издание кое многу се коментира бидејќи трансформацијата е навистина голема. Таа се откажа од својот заштитен знак кој ја краси со децении.

Актерката Анџелина Џоли е склона кон трансформации на изгледот, а да не зборуваме за промените кои ѝ донесоа бројни улоги, но иако зад камерите е склона на тие експерименти, најчесто носеше долга црна коса, која, кога е во прашање нејзиниот имиџ, е тоа што ја прави најпрепознатлива.

Фото: North Woods / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Холивудската ѕвезда сега е русокоса. Потемните тонови се само видливи на некои места, а таа веќе некое време има посветли прамени, за конечно да го добие овој изглед. Притоа, должината на косата и е малку под рамениците, а скалестата фризура, која инаку е одлично изведена, ѝ дала прекрасен волумен.

Фото: North Woods / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Анџелина и во ова издание изгледа одлично, а не е единствената на јавната сцена која неодамна се сврте кон посветла коса. Можеби тоа е само желба за промена, но познато е дека таквата новина во изгледот може дури и да ве подмлади, пишува „Жена.блиц“.

Актерката вчера беше фотографирана пред нејзината продавница во Њујорк, каде може да се најде винтиџ мода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот