ФОТО | Ана Костадиновска откри детали за „Златна бубамара на популарноста“ – ова ќе се случува вечерва
Пејачката Ана Костадиновска објави што ќе се случува вечерва на шоуто „Златна бубамара на популарноста“, во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот.
Препорачано
Во Скопје пристигнаа членовите на британската соул, фанк и диско група „Делегејшн“, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 1970-тите и 1980-тите во Европа и САД. И токму од пробата со „Делегејшн“ во Националната опера и балет, Костадиновска објави слика и напиша дека таа ќе ги пее придружните вокали заедно со Ана Петановска и со Та Богатинова. Своите колешки, Ана ги нарече „прекрасници“. На сликата со неа се и Ранко Петровиќ, сопственикот на радио „Бубамара“, како и Калиопи и Слаткаристика кои исто така ќе пеат на шоуто.

Слики со „Делегејшн“, но и со соул-кралицата Марта Хај, долгогодишен придружен вокал на Џејмс Браун, објави и џез-гитаристот Владимир Четкар кој исто така би требало да настапи на „Златна бубамара“.

Инаку, ова ќе биде 29. издание на популарното шоу кое годинава е под мотото „Апсолутна власт, апсолутна забава“. Групата „Делегејшн“ ќе ја добие наградата за животно дело како и Марта Хај. Марта Хај (81) ја нарекуваат соул-божица и е најпозната по 32-годишната соработка со легендарниот Џејмс Браун како негов прв придружен вокал. Таа настапувала и со Литл Ричард, Џери Ли Луис, „Темптејшнс“, Арета Френклин, Б. Б. Кинг, Стиви Вондер, Принс, Мајкл Џексон, „Полис“ и многу други.



