ФОТО | Амбер Валета по 26 години во фустанот што го „сруши“ интернетот: Таа го носеше пред Џенифер Лопез
Американската манекенка Амбер Валета се појави на доделувањето на наградите CFDA во култниот зелен фустан од Версаче кој некогаш го „сруши“ интернетот, а кој првпат го носеше во 1999 година.
Препорачано
Станува збор за фустанот кој го нарекуваат „најпознат во светот“, а ова парче го прослави Џенифер Лопез во 2000 година. Зелениот фустан со длабоко деколте и високи прорезови е дизајниран од Донатела Версаче.
Amber Valletta just brought back her iconic ‘jungle dress’ from the Versace ss 2000 show at the 2025 CFDA— As a tribute to Donatella Versace pic.twitter.com/Ur9RW1j37Y
— ২ (@musesarchive) November 4, 2025
Валета го искомбинира овој изглед со златни високи потпетици и впечатливи обетки, шминка во природни тонови и кратка руса коса.


На церемонијата на доделувањето на наградите, таа ѝ ја додели на Донатела Версаче наградата за позитивна промена, со што ѝ оддаде почит на италијанската дизајнерка за нејзината работа во застапувањето на ЛГБТК+ заедницата и континуираната поддршка на младите таленти.
„Овој фустан е пребаруван на Гугл повеќе од кое било друго парче облека. Џенифер буквално го „скрши“ интернетот кога го носеше и одлично е што на некој начин сум дел од таа историја. Јас бев првата што го носеше“, изјави претходно Валета за ‘Вог’“.
На доделувањето на Греми наградите во 2000 година, Џенифер Лопез го носеше овој фустан, кој со текот на годините доби култен статус, и беше толку впечатлив што поради бројот на пребарувања на Гугл, беше создадена опцијата „Гугл слики“ (Google Images) – пребарување по фотографии.
Според поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит, тоа стана најпребаруваниот термин на Гугл во тоа време.


