ФОТО: Алиоски во идеалниот тим по групната фаза на ЕП според „Би-Би-Си Спорт“!

Репрезентациите на Македонија и Украина досега се сретнале петпати/ фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Македонската А репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со максимални три порази во групата „Ц“.

Признание доаѓа за нашиот Езџан Алиоски, играчот на Лидс кој во изборот на „Би-Би-Си Спорт“ се најде во идеалниот тим по групната фаза.

Покрај него во одбраната се Спинацола (Италија) и Кјаер (Данска), на голманската позиција е Шмајхел (Данска), во средниот ред Клих (Полска), Де Брујн (Белгија), Вајналдум (Холандија) и Локатели (Италија). Во нападот се Имобиле (Италија), Лукаку (Белгија) и шведскиот репрезентативец Исак.

„Би-Би-Си Спорт“ ги праша своите читатели од кои играчи на континенталниот собир во групната фаза најмногу беа импресионирани, односно ги оценат од 1 до 10. Алиоски има втора најдобра оценка, 8,19 зад Белгиецот Кевин Де Брујн 8,36.

Алиоски успеа да постигне еден гол на ЕП, во поразот против Украина на теренот во Букурешт.

Алиоски: Пандев секогаш беше вистинска инспирација за мене!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот