ФОТО | Ал Пачино и неговата 54 помлада девојка видени повторно заедно, откако таа поднесе барање за старателство

Фото: BlayzenPhotos / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

По веста за нивното разделување и барањето за старателство над децата, Ал Пачино и Нур Алфала се видени како уживаат во ноќно излегување, откако таа поднесе барање за целосно физичко старателство над нивниот тримесечен син.

Нивното заедничко појавување во јавноста предизвика бројни шпекулации за нивниот однос или романтична врска. По ова, јавноста се сомнева во вистинитоста на наводите дека тие двајца раскинале.

Фото: The Hollywood JR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Откако портпаролот на Ал Пачино инсистираше дека парот сѐ уште е заедно, а ги демантираше гласините дека се разделуваат, Ал Пачино и Нур со нивното последно заедничко излегување покажаа дека тие навистина се заедно.

Тие дури и ја координирале облеката за оваа пригода. Алфала го држела за рака Ал Пачино додека се враќале кон својот втомобилот.

Сè уште останува нејасно зошто Нур Алфала поднела судски документи во врска со нивниот син.

Фото: The Hollywood JR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Фото: The Hollywood JR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, 83-годишниот актер и оваа млада бринета се заедно од април 2022 година, а парот на општо изненадување на јавноста доби дете на 6 јуни годинава. Веста беше толку неверојатна што на почетокот дури и самиот Пачино се сомневаше дека детето е навистина негово. Затоа побарал татковството да се потврди со ДНК тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот