ФОТО | Актерката Ема Робертс изјави дека го сака Кит Урбан: Никол Кидман веднаш реагираше
Актерката Ема Робертс минатата недела присуствуваше на концертот на Кит Урбан, а според нејзина последна изјава таа е и негов голем фан. Таа објави фотографија на својот инстаграм – профил на која може да се забележи дека ужива во првите редови додека Урбан е на сцената.
View this post on Instagram
Ема во описот на фотографијата напиша:„Го сакам Кит Урбан“ и го означи музичарот.
View this post on Instagram
На ова веднаш реагираше сопругата на Урбан, актерката Никол Кидман, а нејзиниот коментар привлече големо внимание.
„Разбирам како се чувствуваш“, напиша таа, додавајќи омотикон кој намигнува.
View this post on Instagram
Очигледно е дека Никол се шегуваше, но тоа ги забавуваше сите луѓе до бескрај, а тие и напишаа интересни коментари. Ема набрзо по објавата го замени коментарот со емотикон – сино срце.
View this post on Instagram
Инаку, Никол Кидман и Кит Урбан се запознаа во јуни 2005 година, а во брак се од јуни 2006 година и важат за еден од најхармоничните парови меѓу јавните личности.