ФОТО | Адријана Лима, смела и бремена на црвениот тепих во Кан

Адријана Лима на Канскиот филмски фестивал, Фото: EPA

Адријана Лима целосно го прикажа трудничкиот стомак во тоалета со отсечен дел на стомакот додека дофилираше на премиерата на „Елвис“ на Канскиот филмски фестивал во средата.

Поранешната манекенка на „Викторија Сикрет“ (40) изгледаше прекрасно како и секогаш со својот партнер Андре Лемерс, додека споделија сладок момент на црвениот тепих.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Фустанот во боја на сенф на моделот беше обвиткан преку нејзиното торзо, оставајќи отворени делови кои се поврзуваа со ремени обложени со скапоцен камен. Нејзините лелеави ракави паѓааа на земја со длабоки процепи до лактите за да го комплетираат трудничкиот стомак. Адријана се одлучи за пуштена коса и  блескав златен изглед на сенки за очи. Андре пак, ја покажа фигурата во црн костум, бела кошула и црна лептир машна.

Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Најновото бебе на Адријана ќе биде прво дете на парот, но нејзиното трето дете, бидејќи ги дели ќерките Валентина (12) и 9-годишната Сиена со нејзиниот поранешен сопруг Марко Јариќ.

Двојката започна да се забавува минатата година и првпат беа забележани заедно на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција во септември 2021 година.

ФОТО | Адријана Лима со смел избор на фустан на премиерата на „Top Gun: Maverick“

ФОТО | Адријана Лима прошета со гол труднички стомак: Манекенката одушеви со стомачните мускули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот