ФОТО | Адријана Лима роди три деца и изгледа како ангел: Блесна на црвениот тепих во Кан

Фото: Инстаграм/Адриана Лима

Топмоделот Адријана Лима се појави на Канскиот филмски фестивал со елегантен фустан кој ги покажа сите нејзини облини.
Лима се потруди да биде главна ѕвезда на црвениот тепих во Кан на премиерата на филмот „Indiana Jones and the Dial of Destiny“.

Манекенката носеше елегантен црн фустан со голема, предимензионирана жолта машна преку горниот дел. Освен фустанот кој ги истакна нејзините занесни облини, Адријана Лима направи уште една работа за да привлече внимание, на секој блиц на камерите го бакнуваше своето момче Андрe Лемерсом.

Се чини дека иако манекенката веќе подолго време е на удар на јавноста поради вишокот килограми по третото раѓање, таа успева да изгледа женствено и привлечно со секој грам на себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот