ФОТО | Аделина Тахири со семејството „избега“ на планина: Пејачката стилизирана и на снег!

Аделина Тахири
Аделина Тахири / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Аделина Тахири на својот инстаграм-профил постојано објавува моменти од нејзиниот живот. Во ултра модерни комбинации, пејачката за секоја прилика е совршено стилизирана.

Познатата пејачка изминатиов период ужива далеку од градскиот метеж, обидувајќи се да помине квалитетно време со семејството на чист воздух и снежна идила.

30-годишната Аделина на својот инстаграм-профил сподели фотографии на кои позира во модни зимски комбинации од модната марка „Диор“.

Иако не откри каде се одмара, сепак откри дека ужива заедно со својата помала сестра Диана и нивниот брат Едмонд крадејќи погледи од присутните.

Фотографиите на Тахири предизвикаа лавина коментари од нејзините бројни обожаватели кои и овојпат упатија комплименти за изгледот и стајлингот на пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот