ФОТО | Адам Сендлер се појави во дуксер и патики на премиерата на новиот филм на неговата сопруга
Адам Сендлер повторно е тема на социјалните мрежи поради својот моден избор, откако на премиерата на новиот филм на неговата сопруга Џеки Сендлер се појави во целосно лежерно издание.
Препорачано
Холивудскиот актер и комичар, познат по тоа што удобноста секогаш ја става пред формалниот изглед, на премиерата на филмот „Канцелариска романса“ (Office Romance) во Холивуд носеше широк портокалов дуксер со логото на „Њујорк Никс“, сини панталони и шарени патики.
Неговата сопруга, која игра една од улогите во филмот заедно со Џенифер Лопез и Брет Голдстин, се појави во елегантен црн фустан со впечатлив изрез кај деколтето, црни чорапи и високи потпетици.
Фотографиите од црвениот тепих веднаш предизвикаа лавина реакции на интернет.

Додека едни сметаа дека актерот можел да се облече поформално за премиерата на филмот на сопругата, други го бранеа, истакнувајќи дека токму ваквиот стил е негов заштитен знак.
„Тој вака се облекува веќе 20 години“, гласеа дел од коментарите на Редит.
Сендлер со години е препознатлив по својот опуштен стил на облекување, а на интернет дури се појави и терминот „Sandlercore“, инспириран од неговите широки маици, шорцеви и спортски комбинации.
Иако ретко носи костуми, актерот минатата година направи исклучок кога на премиерата на филмот „Џеј Кели“ (Jay Kelly) се појави во класичен црн смокинг.
Подоцна призна дека не сака формална облека.
„Не ги поднесувам костумите. Не ги сакам ниту панталоните, ниту сакото, ниту тие глупави кошули“, изјавил актерот.


