ФОТО | 19 години го чува подарокот од покојниот девер: Актерката Елизабeта, сопруга на Пеце од „Суперхикс“ со емотивен спомен
Актерката Ели Клинчаревска-Младеновска уште го чува подарокот од покојниот девер Димитар Младеновски од 2007 година, ликовниот уметник, братот на Петар Младеновски, познат како Пеце од „Суперхикс“.
Препорачано
Тој почина од канцер на 15 октомври во 2007 година, еден ден пред Тоше Проески.
„Спомените болат.. Подарок за 8 март од мојот девер Димитар Младеновски, кој за жал прерано го напушти овој свет, во октомври 2007 година. Денес сосема случајно, барајќи нешто друго, повторно се појави овој подарок. И тоа на 8 март. Имав потреба да споделам, во негова чест. Да не заборавиме колку прекрасна личност беше, колку беше добар, грижлив и принципиелен. Ми беше како поголем брат кој секогаш беше тука за совет, но и за критика. Беше еден од најталентираните, најелоквентните и најобразованите ликовни уметници кои ги познавам. Недостасува неговата енергија, неговиот хумор…И се повеќе недостасува… Кој сака нека го толкува ова на свој начин, но вербата за духовниот свет ми е сè поголема“, напиша актерката Елизебета, сопругата на Пеце.
На годишнината од неговата смрт, и музичарот сподели емотивен спомен на својот брат и на Тоше Проески.
„На 15.10 се навршуваат 17 години од смртта на мојот брат Димитар Младеновски. Ден подоцна се случува и трагедијата во која загинува Тоше Проески. Ова е еден од ретките видеодокументи, кој некако случајно го ископав по цели 20 години, и еве го на Јутјуб – едно од ретките заеднички наши гостувања со него. Убави времиња, убави луѓе, убави спомени… Вечна слава и за брат ми и за Тоше!“, напиша во 2024 година Пеце.


