Фода: Македонската репрезентација ќе се брани и ќе чека на наши грешки!
Австриската репрезентација не постигна ниту еден во двата пријателски натпревари како подготовка пред настапот на Европското првенство.
Препорачано
Австријците предводени од селекторот Франко Фода загубија од Англија со 1:0, а ремизираа без голови со Словачка.
За четири дена официјално ќе стартува ЕП, а нашиот прв меч е во Букурешт на 13 јуни токму против австриската селекција.
– Македонската репрезентација применува одбранбена формација 3-5-2, но тоа кога нејзините играчи ќе освојат простор во нападот, тогаш е многу опасна и агресивна. Затоа и ние не смееме да правиме грешки.
Противникот е компактен кој брзо се трансформира, нашата цел ќе биде претпазливо и мудро да стигнеме до бодовите. Токму првиот натпревар на Европското првенство против Македонија е најважен и од истиот зависи како ќе продолжиме во понатамошниот дел од натпреварувањето и дали ќе имаме шанса за влез во осминафиналето.
Против Словаците немавме темпо и моравме да бидеме подиректни кон голот. Очекувам слично и од Македонија, да се брани и да ја својата шанса преку нашите грешки – вели Фода.
ВИДЕО: Австријците голгетерски „нерасположени“ пред мечот со Македонија


