Флорентино Перез со огромна понуда за Ван Дајк!? (ФОТО)

фото: твитер

Холандскиот дефанзивец е еден од најдобрите играчи на екипата на Ливерпул и кој лани беше еден од кандидатите за „Златната топка“

Првиот човек на Реал Мадрид има намера во наредното лето значајно да го засили својот клуб со нов играч.

Како и секогаш, Перез има на ум некоја голема ѕвезда, а ова лето треба да биде Холанѓанецот Виржил Ван Дајк.

Тој треба да ја продолжи низата на големи sвезди кои доаѓаат во Мадрид секое лето откако во 2018 година дојде Тибо Куртоа, а лани и неговиот тимски колега Еден Азар.

Флорентино Перез за Ван Дајк нуди огромни 160 милиони евра, пренесува шпанскиот „Дон Балон“.

Тоа е скоро двојно повеќе од сумата што Ливерпул ја плати на Саутемптон во јануари 2018 година. Тогаш Холанѓанецот пристигна на „Енфилд“ за 84 милиони евра.

Подоцна стана веројатно најголемата ѕвезда на клубот и беше еден од главните кандидати за „Златната топка“ минатата година, но истата заврши во рацете на Лео Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот