фото: facebook.com/FKVardarSkopje

ФК Вардар закажа пет контролни мечеви во Анталија

Фудбалскиот клуб на Вардар на 18 јануари ќе замине на зимски подготовки во Анталија, Турција, каде што ќе престојува до 8 февруари 2025 година.

Скопските „црвено-црни“ во Анталија ќе го одработат главниот дел од подготовките, а покрај самиот процес на тренинзи, екипата ќе одигра и низа на пријателски натпревари.

Овие контролни мечеви треба да придонесат кон подобро воигрување на тимот, пред почетокот на втората полусезона од ПМФЛ.

Серијата пријателски дуел ќе почне на 22 јануари против Актобе од Казахстан, а четири дена подоцна е закажан контролен натпревар против Ибериа 1999 од Грузија.

На 29 јануари Вардар ќе тестира против Верес Ривне од Украина, потоа на 31 јануари ривал ќе биде Аквитал Чаквар од Унгарија, а на 5 февруари ќе игра против Рапид Виена од Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот