ФК Вардар: ФФМ организациски потфрли, нема да дозволиме поигрување со нашите навивачи

фото: facebook.com/FKVardarSkopje

В недела на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се игра бараж натпреварот ВардарДетонит Плачковица за пополнување на Првата македонска фудбалска лига за следната натпреварувачка сезона.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) како организатор во текот на вчерашниот ден прати информација во врска со организацијата, продажбата и распределбата на билети за натпреварот.

На состанокот во “Куќа на фудбалот” беше прифатен предлогот на ФК Вардар, Струмица и стадионот “Благој Истатов” да биде домаќин на натпреварот. ФФМ даде предлог и истиот беше прифатен од претставниците на клубовите (Влатко Колев – ФК Вардар и Игор Чапев – ФК Детонит Плачковица), двата клубови да добијат по 50 гратис билети за натпреварот.

Клубовите беа согласни со одлуката билетите да бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MK Tickets.

Вардар денеска ја информира јавноста дека до клубот пристигнуваат поплаки дека во голем дел од продажните места, билетите воопшто не се достапни.

– Свесни сме дека ФФМ не само што организациски целосно потфрли, туку веќе станува и повеќе од јасно дека зад сево ова стои единствено намерата, во Струмица да има што е можно помал број на навивачи на Вардар. Како клуб никогаш нема да дозволиме поигрување со огромната армија на наши навивачи, затоа упатуваме апел за масовно присуство пред стадионот. Ние сме гаранција дека сите ќе влезат на стадионот. Оваа борба, искрено и чесно заедно ја започнавме, заедно и ќе ја завршиме. Утре мора да победи правдата! Да не дозволиме лошите и аматерски одлуки на ФФМ да не поколебаат пред најважната битка. Црвено-црната утре сепак ќе доминира! Северната трибина е наменета за нашите навивачи, а продажба на билетите ќе се врши утре (недела 26 мај) пред стадионот. Силата на нашите навивачи е голема и искрено апелираме никој да не се ни обидува утре да ја тестира – стои во објавата на ФК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот