Фото: partizan.rs

ФК Партизан: За смена на тренерот Стојаковиќ ќе се дискутира по мечот со Радник

Во текот на денешниот ден кружеше информација низ медиумите дека Ненад Стојаковиќ е отпуштен од тренерската позиција на српскиот фудбалски клуб Партизан.

Немаше ништо официјално од клубот кој подоцна објави соопштение во кое не се потврдува заминување на Стојаковиќ, но ќе се дискутира на таа тема по натпреварот закажан в сабота во рамките од српската Супер лига против Радник Сурдулица на гости.

На денешниот состанок на Управниот одбор на Фудбалскиот клуб Партизан беше спроведена финансиска анализа на Клубот и беа дискутирани актуелните спортски прашања.

Клубот ќе преземе сите потребни активности во наредниот период со цел успешно да ја заврши постапката за лиценцирање за европските натпреварувања.

Во врска со спортските прашања, Управниот одбор ги анализираше сите аспекти на работата, почнувајќи од преодниот рок, преку работата на младинската академија и првиот тим. За време на дискусијата, генералниот директор Данко Лазовиќ предложи разрешување на тренерот на првиот тим Ненад Стојаковиќ. Управниот одбор изрази став дека моменталниот фокус е на следниот натпревар против Радник и дека оваа тема ќе се дискутира по тој натпревар.

Фудбалскиот клуб Партизан ја информира јавноста дека за време на преодниот рок, Клубот доби понуда од Фудбалскиот клуб ЦСКА Москва за играчите Милан Рогановиќ и Никола Симиќ. Понудата беше одбиена поради несоодветни финансиски услови – стои во соопштението на ФК Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот