ФК Брегалница Штип во нападот со Марјан Алтипармаковски

Фото: fkbregalnica.mk

Поранешниот македонски младински репрезентативец Марјан Алтипармаковски е најновото засилување на Брегалница пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Искусниот 30-годишен напаѓач треба да донесе сериозен квалитет за нападот на „сините“ во мечевите од новата натпреварувачка сезона 2021/2022.

Алтипармаковски изминатава сезона настапуваше за Струга Трим Лум, а претходно во богатата кариера беше дел и од Пелистер и Работнички во македонскиот шампионат, како и од Ксанти и Панилиакос во Грција, Интер Запрешиќ во Хрватска, литванска Судува, Сараево од БиХ и албански Лачи.

– Брегалница продолжува со ангажманот на докажаните македонски прволигашки имиња како засилување на играчките редови, а дополнение и на младоста во тимот на која и тоа се посветува внимание – истакна спортскиот директор Никола Тонев, по потписот на договорот со Алтипармаковски.

Од претходно, како што е познато, нови членови на Брегалница се и српскиот офанзивец Милан Ѓокиќ, поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред, како и крилниот офанзивец Бобан Георгиев кој пристигна од редовите на Борац Бања Лука. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов, повратникот Стефан Коцев и Хрватот Антонио Азиновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот