ФК Брегалница ја прекина соработката со тренерот Ѓорѓиоски и спортскиот директор Тонев

фото: fkbregalnica.mk

Илчо Ѓорѓиоски повеќе не е шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Брегалница, а Никола Тонев повеќе не е спортски директор на екипата од Штип.

Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.

ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските „сини“ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера.

Во неделата Брегалница ја запиша петтата победа во Првата македонска лига остварена над Тиквеш (2:1).

Моментно штипските „сини“ се на шестото место со 19 бодови, колку што има и Тиквеш на петтата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот