ФК Брегалница ги стартуваше подготовките, прв тест против Морнар

Фото: fkbregalnica.mk

Фудбалерите на Брегалница од денеска се преселија во српскиот туристички центар Златибор каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовките за враќањето на „сините“ на прволигашката сцена.

Попладнево го одработија и првиот тренинг на Златибор на кој присуствуваа 25 фудбалери кои во моментов се во таборот на шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски.

Утре од 17.00 часот со црногорскиот Морнар е закажан и првиот пријателски натпревар на подготовките на кои ќе бидат одиграни и тестови со српската екипа Графичар (14. јули).

Графичар е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, како и со уште еден црногорски прволигаш, Искра Даниловград.

Како што известуваат од штипскиот прволигаш, се очекува официјалната потврда на противникот и за последниот, четврти, тест дуел на Златибор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот