ФК Беласица не ја прифати оставката на тренерот Благој Гуцев

фото: facebook.com/belasicafc

Фудбалскиот клуб Беласица влезе во негативна серија на резултати во Втората македонска лига, во саботата загуби дома од Слога Виница 1934 со 2:3 што беше четврти пораз по ред.

Екипата од Струмица после 24 кола се наоѓа на деветтото место на табелата со 32 бодови.

Тренерот Благој Гуцев понудил оставка, но истата не е прифатена.

– На денешниот состанок на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ – стои во соопштението на ФК Беласица.

Следниот меч Беласица во шампионатот ќе го има на 23 април дома против ФК Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот