Физички нападнал лекарка во Охридска болница, зашто не му се чекало во ред

Општа болница -Охрид, Фото: Архива

Лекарка од Инфективното одделение во општата болница во Охрид утринава во 9 часот и 20 минути во полиција пријавила дека најнапред вербално, а потоа и физички била нападната од машко лице, пациент кој чекал на ред да биде прегледан. Неофицијално, пациентот сакал преку ред да биде прегледан.

Случајот е пријавен во полиција и по него се постапува. СВР Охрид засега нема приведено никого.

Според Законот за здравствена заштита, напад на лекар се смета за напад на службено лице и претставува кривично дело.

Доктор Горан Балевски: Пациент ја фати за врат и почна да ја дави 62-годишната лекарка утринава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот