Филмот „Болка и слава” на Педро Алмодовар го отвора јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки”

Фото: МИА

Шпанскиот филм „Болка и слава” на Педро Алмодовар ќе го отвори 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”, а на свеченото затворање и во чест на наградените, во Битола ќе биде емитуван филмот „Манаки-приказна во слики” на Роберт Јанкулоски.

Успехот на Педро Алмодовар ќе биде споделен со битолчани, со македонската публика, а мене посебно ми е драго што тоа се прави на јубилејното 40. фестивалско издание, истакна шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера, на денешната прес-конференција во Битола.

– Горд сум и благодарам што Фестивалот ја слави работата на Алмодовар, најрепрезентативен режисер во Шпанија, човек кој со своите филмови даде општествена критика на оригинален начин, со специфичен хумор и со големо уметничко мајсторство – рече меѓудругото амбасадорот Лоренцо Сера.

Првите луѓе на ИФФК „Браќа Манаки” Гена Теодосиевска и Благоја Куновски-Доре за јавноста открија дека меѓу бројните гости од странство, во Битола ќе пристигне и Џим Шеридан, висок претставник на Европската филмска академија-ЕФА.

– Шеридан е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија која е горда на неговиот опус што го вивна во височините не само на пошироката кинематографија на Обединетото Кралство, односно Велика Британија, туку и во светски рамки – најави Куновски-Доре за гостинот од ЕФА Џим Шеридан.

ИФФК „Браќа Манаки”-Битола почнува на 14 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот