Филмот „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкер освои Златна палма во Кан

Шон Бејкер - Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Филмот „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкерја освои Златната палма, главната награда на 77-то издание на Канскиот филмски фестивал во Кан, јужна Франција, на 25 мај 2024.

Темната, комчна и трогателна драма за една млада егзотична танчерка, која се вплеткува со син на руски олигарх, победи во конкуренција на 22 продукции, меѓу кои „Мегалополис“ на познатиот режисер Френсис Форд Копола и „Емилија Перес“ на режисерот Жак Аудиар.

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Филмот на Шон Бејкер ја продолжува низата филмови на американскиот режисер фокусирани на сексуалните работници, вклучувајќи го и филмот „Црвена ракета“ од 2021 година во Кан и „Проектот Флорида“ од 2017 година со Вилем Дефо во главната улога.

– Оваа победа е посветена „на сите сексуални работници во минатото, сегашноста и иднината“ – рече тој при примањето на наградата, истовремено заблагодарувајќи им се на ѕвездата на филмот, Мајки Медисон, како и на неговата сопруга и продуцент.

Шон Бејкер – Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот