Филипче за забавата во Аеродром: Го гледав видеото, младите мора да се воздржуваат

Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Оваа ситуација, порача министерот, нема да трае вечно, веројатно до наоѓањето на вакцината, ќе се сменат работите. Но, пред нас, рече, е една есен во која има многу ризици и апелирам сите да се придржуваат до превентивните мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва го осуди собирањето во кафуле во општина Аеродром, при кое, како што рече, биле прекршени апсолутно сите препораки и протоколи.

– Прекршени се апсолутно сите принципи на превенција на болеста, го гледав видеото, не се почитуваше ниту задолжителната дистанца, ниту носењето маски. Ние бевме сведоци и се уште сме дека таму каде што има прекршување на овие протоколи за функционирање всушност се пренесува вирусот и настануваат мини кластери. Добро е што веднаш реагираа соодветните институции, рече Филипче во емисијата „Само вистина” на телевизија Канал 5.

Учебната година не започна вчера, но затоа средношколците ја прославија со забава во ТЦ Бисер (ВИДЕО)

За разлика од некој период претходно, според Филипче, сега и инспекторатите и сите други институции кои треба да вршат контрола го прават тоа многу поагилно и поажурно.

– Не можеме ние како здравствени работници сами во оваа борба. Мора граѓаните да се свесни дека се исклучително важна алка во целиот тој синџир. Сфаќам дека е тешко, апсолутно, ова е практично нов начин на живот на функционирање. Не е само кај нас, тоа е насекаде во светот – се промени секојдневието, начинот на функционирањето, на патувањето, социјализацијата, целокупно е променет целокупниот тој процес во однос на тоа што беше нормален живот и функционирање претходно посебно кај нас, посебно во земјите кои го имаат истиот темперамент како нашите луѓе, нашиот менталитет итн.

Посебно апелирам до младите луѓе. Мора да се воздржат од такви собири. Јас знам дека сакаат да се дружат, знам дека сакаат да одат и во училиште. Всушност, еден дел од младите луѓе и ни упатија таква директна порака и имавме и добри средби со претставниците на средношколците на кои укажавме кои се медицинските епидемиолошки причини, зошто не треба повеќе млади луѓе да бидат концентрирани на едно место, посебно во затворена просторија сега во овој период, потенцира министерот за здравство.

Оваа ситуација, порача, нема да трае вечно, веројатно до наоѓањето на вакцината, ќе се сменат работите. Но, пред нас, рече, е една есен во која има многу ризици и апелирам сите да се придржуваат до превентивните мерки.

Забавата во „Бисер“ на црно, кафулето во Регистар не постои

Во оваа ситуација, според Филипче, може да успееме само ако сме сите вклучени – здравствените работници на страна на заштита и лекување на пациентите, граѓаните со своите постапки со почитување на превентивните мерки и секако другите институции кои мора да вршат контрола и таму каде има прекршување апсолутно санкција за сите кои тоа го чинат.

Филипче: Вакцината за КОВИД-19 нема да биде задолжителна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот