Забавата во „Бисер“ на црно, кафулето во Регистар не постои

Првиот човек на Пазарната инспекција открива дека следуваат прекршочни пријави, но не и за посетителите.

По дојава од совесни граѓани доцна во ноќта ни беше посочено дека се организираат забави, па веднаш на терен излегоа двајца инспектори кои утврдија голем број прекршоци, изјави за „Слободен печат“, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски во врска со синоќешната забава во „ТЦ Бисер“.

Како што веќе објавивме, откако вчерашниот почеток на учебната година беше одложен за први октомври поради пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи се прошири снимка од забава во кафулиња во ТЦ Бисер.

На видеото може да се види дека мерките за заштита од ширење на коронавирусот не се почитуваат, па средношколците кои присуствуваа на забавата не држеа никакво растојание ниту на отворено, ниту во затворениот дел.

Учебната година не започна вчера, но затоа средношколците ја прославија со забава во ТЦ Бисер (ВИДЕО)

 

Пауновски додава дека локалот каде вчеравечер, со гласна музика и без почитување на здравствените протоколи се забавуваа десетици млади лица, не бил ниту регистриран како правно лице, па оттаму следува прекршочна пријава за менаџерот, односно лицето кое при извршената инспекција, се претставило како управител.

ДПИ, информираат оттаму, во моментов подготвува Решение за забрана за работа и во текот на денот се очекува на објектот во „Бисер“ да осамне пломба. Покрај тоа што барот не бил регистриран, пречекорено било и работното време, бидејќи започнувајќи од септември, до еден по полноќ кафулињата и баровите смеат да работат само во петок и сабота, а сношти забавата го надминала законски предвиденото работно време.

Сепак, казни или опомени за присутните нема, па остануваат апелите за поголема совест и свесност кај граѓаните, но и угостителит, на кои им е дозволено, за време на епидемијата, да ги отворат вратите за посетителите, единствено во согласност со строгите протоколи за работа, изготвени од Комисијата за заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот