Филипче: Вработен во лабораторијата на Детска клиника заразен со Ковид-19

ФОТО: МИА

На Инфективната клиника има 57 пациенти, од кои 7 се на механичка вентилација, 14 се на кислородна поддршка, рече министерот Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за лице вработено во лабораторијата на Универзитетската клиника за детски болести кое е позитивно на Ковид-19.

-Денеска е потврден пациент којшто е вработен во лабораторијата на Универзитетската клиника за детски болести, позитивен на Ковид-19 , случајот е изолиран, епидемиолозите направија анализа. Четири од 18  вработени се во изолација- рече Филипче.

Стабилни се двете бебиња, кои се најмладите пациенти заразени со коронавирусот. Но, како што истакна Филипче, денеска имаме шест починати пациенти.

-Денеска имаме 42 оздравени пациенти со два последователно негативни тестови, од Инфективната клиника дома заминаа десет пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови. Ова мене лично ме радува, особено кога имаме услови да се соочуваме со непредвидлива болест, секој соасен живот е огромен успах, на сите што се соочуваат им посакувам лесен тек на болеста и добар исход- рече Филипче.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г)- рече Филипче.

На Инфективната клиника има 57 пацинети, од кои 7 се на механичка вентилација, 14 се на кислородна поддршка.

-Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.  Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19. Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Континуирано го зголемуваме капацинетот за тестирање со тоа го скратуваме времето за чекање- рече Филипче.

Во однос на набавката на респираторите, тој рече дека завршила постапката за набавката на респиратори и оти од девет пријавени економски оператори две ги задоволувале критериумите.Ќе бидат набавени 31 респиратор од кој седум треба да пристигнат за седум дена, а останатите во текот на следните 30 дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот