Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Филипче сè уште не ја доставил резолуцијата со „црвените линии“ до Собранието

Резолуцијата на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) со „црвените линии“ околу позицијата на Македонија наспроти Бугарија околу преговорите за членство во Европската унија, сè уште не е доставена до Собранието, откри денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Филипче во септември најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција за македонските „црвени линии“, со која, според него, се штити македонскиот идентитет и повика таа да биде усвоена со консензус од сите партии и сите 120 пратеници.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тогаш го отфрли предлогот, а премиерот Христијан Мицоски коментираше дека опозицијата „сака да спакува нов подарок“ за Бугарија.

Филипче на 25 септември ја обелодени содржоната на резолуцијата која се потпира на две главни точки – Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ и дека Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени, со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер.

Во резолуцијата се предлага и Собранието да ја почне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година, а Собранието да ја заврши постапката најдоцна до 10 февруари 2026 година и истиот ден Владата да испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека е исполнета нашата обврска за одблокирање на преговарачкиот процес.

Писмо наместо прекин на преговорите, рокови за уставните измени – Филипче ги претстави црвените линии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот