Филипче: Пропагандистите на ВМРО-ДПМНЕ ми спремаат црна кампања и фабрикувани кривични пријави, зашто се безидејни

Венко Филипче, министер за здравство/ Фото: Screenshot/Facebook

Имам информации дека тајниот оперативен штаб за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ спрема црна кампања против мене и дека подготвуваат и фабрикувани кривични пријави против мене, за да ме замолчат и да ме заплашат, вели носителот на изборната единица на СДСМ Венко Филипче.

Тој додава дека ова нема ниту да го замолчи ниту да го заплаши.

Притисоците воопшто не ме плашат а не треба да се грижат ни граѓаните. Тајните оперативни планови со кои ја фабрикуваат реалноста не поминуваат, граѓаните одамна го загубија стравот од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволат да бидат изманипулирани. Имам зад себе и дела а и конкретен план за иднината. Тука сум да им ги презентирам нашите планови на граѓаните и да понудам поддршка и помош секаде каде што можам. Александар Николоски веќе почна да бара алиби за лошиот резултат што го очекува. Постојаните напади и негативната кампања врз мене без ниедна друга понуда за граѓаните покажува дека кај нив владее страв. Веќе десет дена од него не слушнавме ниеден конкретен проект, ни понуда. За разлика од нив ние веќе ги презентиравме клучните проекти и секој ден сме на терен меѓу луѓето, рече доктор Филипче при неговата денешна посета на Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот