Филипче од дома ќе држи пресови

Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот“, велат од МЗ.

Извештајот на Институтот за јавно здравје во врска со ново-дијагностицираните случаи на Ковид-19 во земјата се подготвува, но веднаш штом биде готов ќе биде доставен до медиумите. Во моментов се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес конференциите од Владата преку „Зум“ платформата од домот на министерот Венко Филипче, известија од Министерството за здравство.

„Ова е со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега. Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом. Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот“, велат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот