Прес-конференција на Венко Филипче / Фото: СДСМ

Филипче најави тужба против Жан Митрев доколку се утврди дека нема вина во наводите за рекет

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе поднесе приватна тужба против сопственикот на приватната клиника „Жан Митрев“ доколку се утврди дека не се точни обвинувањата дека заедно со поранешниот премиер Зоран Заев вршеле рекет за да добијат дел од сопственичкиот удел во клиниката.

ВИДЕО Филипче: Не сум го рекетирал Жан Митрев, претераа, ќе ги тужам

Филипче денеска, на прес-конференција, изјави дека не може да прифати да му се нарушуваат честа и угледот со, како што рече, „бандитски обвинувања“.

По тврдењата на Жан Митрев, премиерот очекува обвинителството да дејствува по допрен глас

„Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Зошто тој не поднесува тужба, туку Обвинителството постапува по допрен глас. Нека се заврши анализата, а потоа, откако ќе се утврди дека јас немам никаква вина, ќе поднесам приватна тужба за нарушување на честа и угледот“, изјави Филипче.

Обвинителството ги проверува наводите на Жан Митрев дека Заев и Филипче го принудувале да им ја даде болницата

Претходно, кардиологот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, во телевизиско гостување изјави дека за време на корона-кризата бил изложен на притисоци од тогашниот премиер и министерот за здравство со цел да им отстапи дел од сопственичкиот удел во клиниката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот