Венко Филипче

Филипче: На Денот на Европа, Мицкоски треба да биде персона нон грата

ВМРО соработуваше со фашистите, а и денес ја продолжува истата Гебелсова пропаганда, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Тој посочи дека СДСМ своите корени ги влече од антифашистичката борба, додека ВМРО-ДПМНЕ и денес користи методи на пропаганда и манипулација.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги влече своите корени во антифашистичката борба, преку борбата на партизаните, дадените животи, изградбата на државата, после тоа крупните државнички одлуки кои што се направени. А ВМРО соработуваше со фашистите и сега користи Гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели. Сето тоа користејќи ја орбановата мрежа на медиуми тука кај нас, кога гледаме постепено во Унгарија почнува да се распаѓа“, рече Филипче.

Според Филипче, организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, ја држи државата во изолација, и „ја претворија во Венецуела на Балканот“.

„На Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, но за жал не води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани. Земјава ја претворија во Венецуела на Балканот. На ваков настан, на Денот на Европа, Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата“, порача Филипче.

Тој додаде дека со случувањата по падот на Орбан во Унгарија и во Македонија се отвора простор за, како што рече, нова победа над политиките на изолација и криминал.

„Еве денеска нова влада во Унгарија формира новиот премиер Петар Маѓар и најави дека веќе од утре ќе почне да се расчистува со сите криминали во сите сектори на Виктор Орбан коишто по секоја линија тука Македонија водат до Христијан Мицкоски и неговиот периметар.Очигледно е дека се отвара простор, дека ќе извојуваме уште една победа над фашизмот, а во наши услови тоа е победа врз ВМРО организираната криминална група која што не ја сака Европа, која што сака да не држи изолирани и сиромашни“, рече Филипче.

ВИДЕО | Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, но нема пазар со идентитетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот