Филипче: Ќе дадам личен пример и ќе се вакцинирам следната недела

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Сакам да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека кинеските вакцини се безбедни и затоа ќе дадам личен пример. Ќе се вакцинирам следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. 

Филипче додаде дека сите вакцини се безбедни и ги повика граѓаните да се вакцинираат, без разлика на тоа која вакција е достапна во моментот. 

– Сите вакцини се безбедни, па затоа нема потреба да се става акцент на тоа да се бира вакцина, бидејќи сите се со еднаков квалитет. Каква вакцина има во пунктот во тие часови кога е предвидено да се вакцинираат граѓаните тоа да го направат без да бидат загрижени и да размислуваат дали да се вакцинираат со една или со друга вакцина – додава Филипче во објавата на социјалните мрежи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот