Филипче: Целосно ги реновиравме хируршките сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ (ФОТО)

Кон крајот на 2018 година, се пуштија во употреба комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди, информираат од Министерството за здравство.

Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема.

„Условите за третман на пациентите во оваа установа се одлични. Пациентите сега имаат врвна медицинска услуга. Го подигнавме здравствениот систем на едно повисоко ниво. Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи, а во моментов се подобруваат условите и во други клиники и болници. Пациентите и вработените во јавното здравство конечно ги ставивме на прво место. Продолжуваме преку инфраструктурно инвестирање да им ја олеснуваме работата на сите здравствени работници, а пациентите да бидат задоволни од здравствениот третман“, изјави министерот Филипче.

Целото реновирање чинеше над 30 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот