Фото: Tatabánya Kézilabda Club

Филип Талески е нов ракометар на унгарски Татабања

Македонскиот ракометар Филип Талески (29) ќе ја продолжи својата професионална кариера во Унгарија, поточно ќе го носи дресот на Татабања.

Од клубот објавија дека имаа проблеми со повредени играчи, па веднаш реагираа доведувајќи го нашиот лев бек кој со своето искуство може да помогне во нападот, но и во одбраната.

Претходно на клупски план ги бранеше боите на Металург, Рајн-Некар Левен (Германија), Балинген (Германија), Вардар 1961 и Бенфика.

Татабања моментно е на третото место во унгарскиот шампионат со 22 бодови, зад водечките Веспрем (26) и Пик Сегед (25).

Воедно, тимот предводен од Едмонд Тот сезонава настапува и во ЕХФ Европскиот куп во чие натпреварување следниот месец ќе игра во осминафиналето против Рунар Сандефјорд од Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот