Фото: EPA/CLAUDIO THOMA

Филип Лам загрижен пред настапот на Германија на Светското првенство 2026

Филип Лам, поранешниот германски репрезентативец кој успеа да стане светски шампион во 2014 година, го даде своето мислење за тоа што се случува во германскиот фудбал.

Поранешниот капитен зборуваше најмногу за состојбата на Бундеслигат на два месеци пред почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико и изрази сериозна загриженост.

Потсетување, Германците на Мундијалот се наоѓаат во групата Е заедно со селекциите на Куракао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

– Ако кажам дека се чувствувам смирено, тоа би било лажење. Колку повеќе се приближуваме до Светското првенство, толку повеќе се грижам за настапот на Германија. Не сум убеден дека одиме во вистинската насока и состојбата на фудбалот не е она што сите го сакаме. Многу добро се сеќавам на 2014 година, кога триумфиравме со нашата последна светска титула, ваквите работи не се забораваат, но ми се чини дека повеќето од нас живеат со спомените од минатото – рече Лам.

Лам смета дека доколку ситуацијата не се подобри, можно е Германија да ја доживее судбината на Италија:

– Не сум оптимист за сè што видов во последно време и за мене состојбата на Германија не е добра. Не знам колку луѓе го сфаќаат тоа, но ако не се преземат мерки, наскоро ќе ја следиме судбината на Италија. Никој не очекуваше дека Италија нема да се квалификува на три последователни светски првенства, а ако ситуацијата не се подобри, наскоро и Германија ќе почне да доживува тешкотии во квалификациите. Ништо не е сигурно во фудбалот и ништо не треба да се зема здраво за готово, на крајот на краиштата „се надевам дека не сум во право и дека ќе дојдат подобри денови за репрезентацијата – вели Лам.

Германија се пласираше на СП 2026 откако го освои првото место во квалификациската група пред Словачка, Северна Ирска и Луксембург. Имаше учинок од пет победи, а претрпе и пораз од Словаците со 2:0 во Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот