Филаделфија го отпушти Док Риверс

Фото: ЕPA-EFE/Jason Szenes,

Во тимот на Филаделфија одлучиле да ја раскинат соработката со досегашниот тренер Док Риверс, пренесува „ЕСПН“.

Филаделфија беше поразена во полуфиналето на Истокот од Бостон во седум натпревари, а во одлучувачкиот натпревар беше дури 112:88 за Селтикси. Со овој пораз, Риверс го запиша својот седми неуспех во десет „мајсторки“ во кариерата.

За три сезони, Риверс со Филаделфија оствари учинок од 154 победи и 82 порази, сезонава Филаделфија забележа 54 победи што беше доволно за трето место во источната конференција.

Со овој потег Филаделфија се придружи на Милвоки, Феникс, Торонто и Детроит како тимови кои отпуштаа тренерите по завршувањето на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот