Фил Колинс сака да ја исфрли сопругата: Му рекла дека оди на службен пат, а се вратила омажена за друг човек!

Profimedia

Фил Колинс (69) деновиве доживува вистинска љубовна драма, како што пишуват странските медиуми, славниот музичар решил да ја исфрли поранешната сопруга Оријана Кевеј (46) од неговата луксузна вила во Мајами затоа што таа повторно – се омажила!

Повеќекратниот добитник на наградата „Греми“, наводно, ќе поднесе тужба следната недела и по судски пат ќе побара исфрлање на Оријана – таа одбила да ја напушти куќата на пејачот, каде што дури и ги сменила безбедносните шифри на алармниот систем.

Освен тоа, Оријана му поставила ултиматум на поранешниот сопруг – ако не се откаже од барањето за нејзино исфрлување од вилата, таа, се заканила, дека ќе објави „шокантни“ информации за кои тврди дека можат да му наштетат на угледот на Колинс.

Profimedia

Најскапиот развод

Да потсетиме, фронтменот на групата „Џенезис“ и Оријана Кевеј се венчаа во 1999 година. Во бракот ги добија синовите Никола (19) и Метју (15), а се разведоа во 2008 година. Колинс тогаш ѝ исплати на сопругата дури 46 милиони долари, што беше и официјално најскапиот развод во историјата на британската сцена.

Од брак во брак

Откако Оријана Кевеј се пресели во Мајами со синовите, Колинс му се оддаде на алкохолот за да ја смири тагата. Во јануари 2016 година и самиот се пресели на Флорида за да биде поблиску до децата, а поранешните сопружници се смирија во 2016 година, иако Оријана, во меѓувреме, се омажи и се разведе од друг маж, Чарлс Меџати!

Но, иако Оријана му се врати на Колинс пред четири години, за кого тврдеше дека е „љубовта на нејзиниот живот“, непостојаната бринета се упати кон Лас Вегас пред два месеца и таму тајно се омажи со Томас Бејтс! Во тоа време, таа наводно го излажала Колинс дека мора да отпатува заради работа!

– Тој нема да ѝ даде ниту еден цент! Тој не сака да има ништо со неа – открил извор близок на славниот пејач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот