Трофеј за Светско првенство/EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

ФИФА на Мундијалот ова лето воведува четири нови правила

Со наближувањето на Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ФИФА најави сериозни новини кои ќе донесат промени во текот на играта.

Целта на новите правила е јасна, побрз фудбал, помалку одолговлекување и поголема правичност на теренот. Во тој контекст, ќе се прошири и улогата на ВАР-технологијата, која отсега ќе може да интервенира и при втор жолт картон, како и при одлуки за корнер, но само во случаи на очигледна судиска грешка.

Меѓу клучните измени што ќе стапат на сила се неколку мерки насочени кон дисциплина и динамика:

  • Фудбалерите што ќе бидат заменети ќе мора да го напуштат теренот во рок од 10 секунди, во спротивно тимот ќе мора да чека дополнителна минута да се направи замената.
  • Изведувањето на аут ќе биде временски ограничено – доколку не се изведе во рок од пет секунди, топката ќе му припадне на противникот.
  • Играчите што добиле лекарска помош ќе мора привремено да излезат од игра и да се вратат по една минута.
  • ВАР сега може да проверува и втори жолти картони и одлуки за корнер доколку има „јасна и очигледна грешка“.

Светското првенство почнува за нешто повеќе од два месеци односно на 11 јуни, а финалето е закажано за 19 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот